Во четврток (15.09.2022) со почеток од 19:00 часот во „Среќа бар“ во Скопје ќе се одржи новото издание на најпознатиот бизнис-нетворкин настан во државата.
Покрај вообичаените нетворкинг елементи, 39. издание на Бизнис Кафе Македонија ги носи и искуствата на тројца врвни професионалци во своите области кои со присутните ќе ги споделат своите бизнис и животни лекции. Ќе зборуваме за апликација на невронауката во маркетингот, за успешна соработка помеѓу мала маркетинг агенција и гигант во прехранбената индустрија, како и за генералната состојба и предизвиците на стопанството во државата.
Гости-говорници на ова издание ќе бидат:
- Јасна Стоимировска Величков – основач на Arel Neuromarketing
- Наташа Дукоска – извршен директор на PR Агенција Навигаторс
- Трајан Ангеловски – претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија
Картите за новото издание на Бизнис кафе се продаваат по цена од 300 денари и истите можат да се купат на фактура или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).