(РЕГИОН) – Во саботата, во Сава центарот во Белград беше одржано јубилејното 15-то издание на ноќта посветена на рекламите и рекламџиите, популарната “Noc Reklamozdera“ на која традиционално беа доделени наградите : Бренд Србија, Гренд Слем, Нон-профит, НАЈ домашна реклама, НАЈ вирална реклама, World Tour и други.
Бренд Србија, наградата за најдобра промоција на Србија, замина за Кошаркарската репрезентација на Србија. Наградата ја прими Небојш Илич – тим менаџер на репрезентацијата.
ГРЕНД слем наградата за најголем придонес во развојот на регионалниот адвертајзинг ја добри Јуре Апих, основачот на магазинот “Маркетинг магазин“.
Наградата за најдобра непрофитна кампања, замина за фондацијата “Новаќ Џоковиќ“, додека пак наградата WORLD TOUR и припадна на кампањата “Kada voziš, parkiraj telefon” на Телеком Србија, реализирана во соработка со Министерството за внатрешни работи.
НАЈ вирална реклама беше прогласена кампањата “Драма во такси“ на агенцијата МекКен Белград. Наградата ја примија Неманја Станковиќ – копирајтер и Марија Миланковиќ – арт директор. Наградата им ја врачи Саша Ќириќ, директор за маркетинг и развој на компанијата Фриком.
Наградата за НАЈ домашна реклама за 2014 година, според гласовите на публиката замина за ТВ хитот “Domacinski duel“ на брендот Chipsy, кој истата награда ја освои и минатата година.