Одбележувајќи ја својата 75-та година во автомобилскиот бизнис, италијанскиот луксузен бренд Ferrari се одлучи да оди таму каде што никогаш досега не бил, претставувајќи автомобил со четири врати и четири седишта.
Но, моделот Purosangue, што во превод значи „чистокрвен“ на италијански, е далеку од вашето вообичаено семејно возило, при што брендот ветува дека „ќе го промени пејзажот на перформансни возила низ целиот свет“.
Иако се популарни, суперавтомобилите со две седишта на Ferrari секако не се најпогодни за секојдневниот живот. Меѓутоа, сега, возачите нема да треба да бираат помеѓу стил и практичност, бидејќи новото возило ги нуди двете во еден модел.
Според производителот, Purosangue е дизајниран да биде што е можно поаеродинамичен, со низа нови иновации, вклучувајќи ажурирани системи за динамичка контрола на возилото и прва употреба на новата технологија за активна суспензија развиена од Ferrari.
Една од истакнатите карактеристики на автомобилот се неговите задни патнички врати кои што на возачите ќе им овозможат да се движат во и надвор од возилото без потреба од повеќе простор. Притоа, возилото ќе го има најголемиот заден дел од било кое возило досега на Ferrari, заедно со луксузот како што се загреани седишта за удобност и врвниот аудио систем за слушање музика при возење.
Што се однесува до перформансите, автомобилот може да достигне од нула до 100 километри на час за само 3,3 секунди, а до 200 километри на час за само 10,2 секунди. Со 6,5 литарски V-12 мотор, возачите ќе уживаат „навидум бескрајно“ количество моќ под педалата за гас, притоа користејќи менувач со осум брзини.
И покрај фокусот на брзината и луксузот, дизајнот на Purosangue исто така на ум ја има и одржливоста. Всушност, 85% материјалите употребени за обложување на внатрешноста на автомобилот доаѓаат од еколошки извори, како што е ткаенината на покривот направен од рециклиран полиестер и кадифениот тепих кој содржи полиамид добиен од рециклирани рибарски мрежи.
Повеќе за првиот автомобилот со четири седишта на Ferrari можете да прочитате на следниот линк.