Пет жири комисии ги избраа финалистите за натпреварувачкиот дел на креативнот фестивал Golden Drum 2022. Но, за да видиме кои се најдобрите од најдобрите, ќе мора да ја почекаме наградната церемонија на 23 септември!
Вкупно 55 жири-членови предводени од извонредни професионалци од целиот свет ги избраа финалистите од околу 1000 пријавени кампањи од 24 различни држави. Кампањите се пријавени во четири различни натпреварувачки секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Business Excellence Drum, како и во специјалната категорија All Juries Section.
Најголем број кампањи доаѓаат од Украина, по што следуваат Полска, Словачка и Унгарија. Интересно е да се посочи дека речиси две третини од пријавените кампањи се дело на независни креативни агенции, а многу повеќе кампњи во однос на минатата година се пријавени во секцијата “One-Channel Drum”. Како најконкурентни се истакнуваат категориите “Craft” и ‘Social Good”.
Жирито за натпреварот на млади креативци “Young Drummers” исто така ги одбра финалистите кои ги пријавиле своите креативни решенија како одговор на брифот: „Еј ти, биди иднината на туризмот!“.
Овогодинешното издание на Golden Drum ќе се одржи на 23 септември како дел од Weekend Media Festival, кој пак почнува на 22 септември. Наградната церемонија на која ќе бидат доделени „златните барабани“ е закажана за 20:30 часот на 23 септември. Нејзината реализација е поддржана од Mastercard.
Листата на финалисти на Golden Drum 2022 може да се погледне на овој линк, додека пак целосната програма на фестивалот може да се погледне на следниот линк.