„Бестрашна, возбудлива визија на жената за жената – слободната жена“ – вака фанцускиот луксузен моден бренд Yves Saint Laurent ја опишува својата нова кампања за женскиот парфем LIBRE.
Во фокусот на кампањата е нескротената слобода на британската поп-ѕвезда Дуа Липа во синергија со моќта на природните елементи – и сето тоа низ призмата на повеќекратно наградуваната нигериско-британска режисерка Џен Н’киру.
Сонце, небо, песок, вода… Филмот си поигрува со овие сили, разменувајќи сцени помеѓу природните и урбаните средини. Снимен со магичен реализам, облеан со гламур – како што Дуа целосно го отелотворува модниот стил на Yves Saint Laurent на најостриот, сиров и елементарен начин. Сосем соодветно, видеото е проследено со преработка на поп-химната „Слобода!“ од Џорџ Мајкл.
Според брендот, кампањата го изразува поривот да се живее СЛОБОДНО сега, во моментот, затоа што слободата не чека.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BETC Etoile Rouge и продукциското студио Iconoclast TV.