Оваа година во фокус е кревање на свеста за важноста на штедењето – и тоа штедење во секоја форма, на сите важни ресурси потребни за нашето секојдневно живеење.
Токму затоа, на само чекор до месец октомври – месецот на штедење, кога сите финансиски институции интензивно работат на кампањи, комуникација и производни пласмани за поттикнување на навиките за штедење на личните финансии, Халкбанк преку мала герила активност ја истакнува и потребата од сечиј, личен допринос во штедењето и на енергетските ресурси кои ни се неопходни за нормално и пријатно живеење на сите.
Преку малите “потсетници”, поставени на разни фреквентни места во земјата, се поткрева свеста на поединците за нивна сосем МАЛА акција, која во суштина ќе значи ГОЛЕМ допринос кон правилно искористување на ресурсите и задоволување на потребата од заедничко штедење на локално, но и на глобално ниво.