Отатко претходно се повлече и како резултат на тоа настанаа еден куп правни препирки, сега милјардерот Елон Маск предложи исполнување на договорот за купување на социјалната мрежа Твитер според првичните услови.
Имено, во април оваа година, Елон Маск и Твитер дојдоа до договор за купување на социјалната мрежа по цена од 44 милијарди долари. Меѓутоа, милијардерот потоа се откажа од овој договор, наводно поради непознатиот број на лажни и спам профили кои оперираат на мрежата, а можат да ја намалат нејзината вредност.
Од Твитер беа бесни на едностраното раскинување на договорот од страна на Маск, па поднесоа тужба со цел да го натераат да ги исполни своите претходно договорени обврски. Потоа Маск поднесе контра-тужба, а судското рочиште беше закажано за 17 октомври.
Но, еве предвреме, Маск се премисли и понуди да го исполни оригиналниот договор за купување на Твитер по цена од 44 милијарди долари. Тргувањето со акциите на Твитер беше веднаш сопрено по понудата на Маск да го исполни стариот договор. Останува да видиме дали Твитер ќе ја прифати оваа старо-нова понуда или ќе продолжи со намерата да оди на суд.