Британската телекомуникациска компанија Virgin Media лансираше надреална реклама за промоција на својот брз интернет, како продолжение на кампањата “Why walk when you can ride?” („Зошто да пешачите кога можете да возите?“).
Во едноминутниот спот гледаме шкотска планинска крава со „слободарски дух“, како вози мотор под отвореното небо во најруралните места во Британија. Пораката е дека интернетот на Virgin Media е достапен во секој „ќош“ на државата, и тоа со максимална брзина од 20Mbps.
„Оваа нова кампања повторно ја инјектира Virgin Media со нејзиниот препознатлив став, покажувајќи како им овозможува на своите клиенти да одат на подобро и подалеку, отелотворено преку планинска крава на моторот Triumph Bonneville“ – посочува Дејвид Мастерман од креативната агенција VCCP London, со чија поддршка се реализира кампањата.
Покрај VCCP London, во создавањето на новата реклама биле вклучени режисерот Џеф Лов, актерот Питер Мулен во улога на наратор, како и тимот за компјутерски генерирана графика на продукциската куќа Untold Studios.
Шкотската планинска крава добива важна улога како маскота на брендот и се очекува да се појави во следните неколку реклами на Virgin Media, кои треба да се лансираат до крајот на годината.