Технолошкиот гигант Meta го претстави хедсетот Quest Pro, кој што е замислен да ја замати линијата помеѓу реалниот и виртуелниот свет.
Уредот има дизајн на големи испакнати очила, со закривена ќелија за батерија која се наоѓа на задниот дел од главата на корисникот. Ваквиот дизајн може да изгледа чуден на прв поглед, но со оглед на тоа што новата итерација на виртуелниот хедсет е потешка од претходната верзија, ова може да му даде поизбалансирано чувство кога ќе се стави на главата.
Новиот засилен LCD дисплеј овозможува поостри визуелни слики со 37% повеќе пиксели по инч во споредба со претходната верзија. Леќите во внатрешност се 40% потенки, што му овозможува на носителот постојано да го гледа просторот во која се наоѓа додека е во дигиталниот свет.
На сетот е поставена надворешна RGB камера во целосна боја, спојувајќи ја реалната животна средина на корисникот со виртуелната реалност, каде што ќе може да гледаат 3D аватари како се дружат во нивната дневна соба.
Со оглед на тоа што Quest Pro е повеќе насочен кон социјални дружења и работни функции, Meta се здружи со Microsoft за да го донесе системот Teams во виртуелниот свет.
Со уредот, корисниците ќе можат да присуствуваат на работни состаноци хостирани на Teams во форма на виртуелен аватар. Другите апликации на Microsoft, како што се Word, PowerPoint и Excel, исто така ќе бидат подготвени за употреба.
За да го направи состанокот или дружењето со пријателите уште пореалистично, една навнатре свртена камерата ќе ги следи изразите на лицето на носителот за потоа да ги прикаже на нивните виртуелни аватари.
Преднарачките за Meta Quest Pro започнаа во 22 земји, со почетна цена од 1.499 американски долари. Уредите ќе бидат испорачани на 25 октомври.