Во најновото продолжение на кампањата „Инспирирано од приказна за eBay“, платформата за е-трговија нè пренесува во светот на страстите на своите корисници.
„Светот на страсти“ ја обединува огромната заедница на eBay, каде што милиони луѓе споделуваат милиони интереси вклучувајќи го и фудбалот – до кој брендот е веќе многу близок, со голем број престижни спонзорски партнерства.
Новиот рекламен спот кој ќе се емитува на италијанските национални канали е поставен во атмосферата на типичен италијански спортски бар – центар на заедницата каде што страсните фудбалски навивачи се собираат за да гледаат натпревари. Но, во текот на еден натпревар, дотогаш верниот, но стар телевизор престанува да работи, внесувајќи немир меѓу навивачите.
Меѓутоа, благодарение на eBay кој е дом на милиони продавачи ширум светот, меѓу кои и Ана и Кјара кои имаат огромна страст за филмската уметност, фудбалските навивачи успеваат да го најдат совршеното решение – видео проектор, идеален за уживање во натпреварите во потполност. Истовремено, девојките великодушно споделуваат листа на класични филмови кои не смеат да пропуштат.
Во следната сцена, видео проекторот е веќе инсталиран во барот и сега навивачите можат да уживаат како да се на стадион. Но, кога нема фудбалски натпревари, благодарение на предлозите на двете љубителки на филмот од eBay, локалот се претвора во мало кино во кое нашите страсни фудбалски навивачи се преплавени со емоции гледајќи романтичен црно-бел филм.
Во рекламниот спот се појавуваат и поранешните италијански фудбалски ѕвезди Даниеле Адани и Никола Вентола.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Dude, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата Mediacom.