Туристичкото биро на Австралија ја лансираше својата најголема глобална кампања во последните шест години, насловена “Come and Say G’day” („Дојди и кажи добар ден“), која треба да ги потсети светските патувачи зошто не постои друга земја слична на Австралија.
Амбасадор на кампањата е анимираниот кенгур Руби, кој го позајмува гласот на австралиската актерка Роуз Бирн. Слаткиот кенгур се здружува со играчка еднорог, Луи, кој пак својот глас го позајмува од актерот Вил Арнет.
Анимираниот кенгур најпрвин се појави на билборди во повеќе светски градови, една недела пред официјалното лансирање на кампањата со цел да го поттикне љубопитството на јавноста.
Кампањата исто така има и своја песна, која претставува преработка на песната “Down Under” на Men At Work, овој пат во интерпретација на австралискиот бренд King Stingray. Песната е преработена во две јазични верзии – на англиски и на домородниот јазик Јолу Мата од Северната Територија на Австралија.
Анимираниот кенгур Руби, еднорогот Луи и песната “Down Under” се главните состојки на неколку телевизиски реклами од 60, 30 и 15 секунди. Кампањата исто така вклучува и краток филм од 9 минути, печатени, дигитални и out-of-home реклами, здружени активности со авиопревозници, државни туристички организации и клучни дистрибутивни партнери ширум светот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција M&C Saatchi.