Основачите на водечките технолошки стартапи и иновативни компании како Native Teams, FitKit и Data Masters ќе бидат гости-говорници на јубилејното 40-то издание на Бизнис Кафе Македонија.
Водечкиот бизнис-нетворкинг настан во земјава ќе се оддржи во четврток (3 ноември) во Среќа Бар (кај Американ Колеџ), со почеток од 18:00 часот.
Присутните на Бизнис Кафе-то ќе имаат можност да слушнат за тоа како овие тројца млади бизнис лидери ги развивале своите компании, кои биле нивните почетни предизвици и што се научиле во патот досега. Во нетворкинг делот ќе може со нив да се запознаат и да ги прашаат за совет или разрешување на некоја своја бизнис дилема.
Никола Бубевски e Co-Founder & Vice President of Commercial Operations во Native Teams – fintech платформа за интернационални плаќања за remote работа.
Платформата нуди можности за флексибилни плаќања и вработување и е достапна во 40+ држави во светот за фриленсери, компании и секој кој сака да работи интернационално.
Никола е задолжен за водење на стратегиски глобални операции на компанијата, води интернационален тим кој нуди локална поддршка за компании и фриленсери кои работат глобално, а воедно е и еден од основачите на компанијата во Македонија- местото од каде започна цела приказна на Native Teams. Стартапот неодамна доби финансирање од 2 милиони евра за понатамошен развој.
Ангелина Блажевска е ко-основач на FitKit и Coach Foods. Пет години по лансирањето FitKit e дигитален лидер на фитнес и велнес просторот во Северна Македонија. Ангелина му помогна на стартапот да стане најголемиот фитнес провајдер со повеќе од 2500 месечни активни корисници. Во FitKit, таа е одговорна за оперативно планирање, стратегија и анализи.