People 2 People и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во рамките на активностите на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, финансисиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА, а имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ги повикува сите новинари од локалните, регионалните и националните медиуми да се пријават за интерактивни обуки и дискусии.
Ќе разговараме за процесот на европските интеграции во контекст на приоритетните прашања: разбирање на улогата на медиумите во процесот на ЕУ интеграции, целите на самите поглавја и аналитички пристап на ефектите од членството во ЕУ со цел претставување на важноста на овој процес за сите граѓани.
Општата цел на овие обуки и интерактивни дискусии е да се запознаеме, дознаеме и споделиме искуства за важноста на евроинтегративниот процес и улогата на медиумите, институциите во Северна Македонија и ЕУ. Исто така, важно е да дискутираме за можните начини на известување како би можеле да ја информираме јавноста поквалитетно и поефикасно за разните аспекти од процесот на ЕУ интеграција, за новостите, моменталните достигнувања, но и предизвиците за понатамошното приближување кон членството во ЕУ.
Знаењето на новинарите како и квалитетот на нивното известување ќе се унапреди преку преставување на клучни алатки и техники. Со запознавањето со основните принципи на писменот на податоци (data literacy) и современите начини на нивно претставување, како и увидот во праксата која ја користат колегите новинари од регионот, новинарите ќе развијат вештини неопходни за поширок аналитички пристап за известување на различни теми. Воедно, многу е важна и напредната комуникација меѓу самите новинари од различни региони во државата, како и размена на искуства и унапредување на соработката со релевантни и надлежни институции, а пред сѐ со Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Концепт на панел дискусиите:
Проектот вклучува организација на еднодневни интерактивни обуки и дискусии во четири региони за различни групи на учесници. Сите дискусии ќе бидат организирани во периодот од 07 до 11 ноември, 2022 година во следниве региони и населени места: североисточниот и Вардарскиот регион со Велес, југоисточниот регион со Струмица, југозападниот регион со Битола, југозападниот регион со Тетово.
Темите кои ќе бидат опфатени со овие дискусии:
- Основни термини на ЕУ и клучни институции на ЕУ – улогата и надлежностите на различните институции и фондовите на ЕУ– краток потсетник/приказ на најважните институции на ЕУ, нивните улоги, надлежности и краток приказ на најважните ЕУ фондови.
- Извори на информации и алатки за информирање,истражување, анализа и следење на теми на ЕУ Портал, тематски страници, институции, агенции и други тела на ЕУ .
- Новата методологија за проширување на ЕУ и Северна Македонија– значење на процесот и разбирање на изменетата методологија и начинот на одлучување во ЕУ.
- Претставување на примери од регионот– процесот на истражување и работа на текстови преку стекнување на вештина како што е употреба на информации од јавен карактер, користење на online и offline база на податоци и други видови на извори.
- Значењето на процесот на пристапување во ЕУ за локалните заедници– како медиумите во регионот известуваат на локално ниво.
Кој може да учествува?
Регионалните дискусии се наменети за новинари од локални и регионални медиуми и дописници за национални медиуми од различни региони во Северна Македонија кои ги познаваат основните принципи на истражувачко новинарство, имаат искуство со известување за ЕУ интеграциите или сакаат да научат повеќе за процесот на интеграција во ЕУ, ги почитуваат етичките стандарди во известувањето и се подготвени да ги унапредат своите професионални вештини и добијат нови знаења и пристап до нови алатки за нивната работа. За оваа цел ќе бидат избрани вкупно 50 новинари, односно по 10 ученици по настан/панел дискусија.
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк за пријава со пополнување на краток формулар.
Предавачи и обучувачи:
Олгица Лола Милојевиќ – модератор и политиколог
Олгица Лола Милојевиќ магистрирала политички науки на Универзитетот во Белград. Таа е консултант за јавна политика/пол/комуникација и овластен тренер над 20 години.
Г-ѓа Милојевиќ има интензивно работно искуство како консултант, проектен координатор / проект менаџер на локално, регионално и меѓународно ниво, и тоа со: УНДП, УСАИД, СДЦ; ISC, NDI, OSCE, WFD, FES, SIDA, World Bank) итн.
Неодамна таа ја направи првата квантитативна анализа на содржините во телевизиите и весниците кои известуваат за мигрантската криза во Србија, со родова перспектива. Понатаму, таа ги консултираше пратениците како и претставниците на медиумите/новинарите за нивното зајакнување преку зголемување на нивното знаење за прашањето за човековата безбедност, човековите права и човековите права за азил; зголемување на свеста кај јавноста за нивната позиција во рамките на „Граѓанската мрежа за човекова безбедност“, финансирана од ЕУ во Западен Балкан, Грција и Турција.
Јелка Јовановиќ – уредник и новинар
Јелка Јовановиќ е искусна и истакната новинарка и уредничка. Работела како новинар и уредник повеќе од 25 години во дневниот весник Данас и неделниот магазин НОВИ МАГАЗИН. Таа е исто така искусен обучувач за медиуми, модератор на познати политички дебати и едукатор, ангажирана во различни проекти (ФОС, УСАИД, ОБСЕ, Делегација на ЕУ во Србија, итн.) и има работено на бројни теми за човекови права, социјални прашања, политика и др.
Никола Радишиќ – гостин новинар, дописник на N1 за ЕУ
Својата новинарска кариера ја започнал во септември 1993 година во Инџија, каде што го стекнал своето прво искуство како новинар, водител, уредник на информативни програми. Неговата прва средба со телевизијата била во 1996 година, кога се приклучил на екипата на популарната „Гаража“. Потоа, како еден од двајцата српски новинари во Приштина, почнал да известува за Б92, каде поминал 15 години по враќањето од Косово, како известувач, новинар, уредник, водител. Во меѓувреме, соработувал со бројни медиуми, од домашни медиумски куќи како РТС, Студио Б, Блиц или Радио 021, но и со странски како Ал Џезира, Би-Би-Си, Бугарското национално радио или весници на српски иселеници во Америка.
др. Маја Вукадиновиќ – обучувач за медиска, информациска и дигитална писменост
Маја Вукадиновиќ е доцент на Факултетот за современи уметности, раководител на модулот за медиуми, каде што предава курсеви за медиуми и новинарство. Таа исто така е искусен обучувач и едукатор за медиуми, ангажирана во различни проекти (ОБСЕ, Делегација на ЕУ во Србија, ФОС итн.) и има одржано бројни обуки за нови новинарски вештини, медиумска и дигитална писменост, стратешки комуникации и други теми.
Претставник од Секретаријатот за европски прашања
Локациите на одржување на дискусиите се наведени погоре во повикот.
Пријавите можат да се доставуваат со пополнување на формуларот на горенаведениот линк.
Напомена: Трошоците за превоз, сместување и исхрана за време на обуките се обезбедени од страна на организаторот. Секој учесник ќе добие сертификат за учество од страна на УНОПС.
Дискусијата се одржува во рамки на Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ имплементиран од УНОПС во рамките на активноста за унапредување на капацитетите на медиумите за известување на процесот на пристапување во ЕУ финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА.