Бугарскиот бизнис магазин „Капитал“ спроведе истражување во кое ги анализираше финансиските резултати на различните комуникациски групации кои работат во Република Бугарија и состави листа во која ги рангира најуспешните од нив.
Според општите заклучоци, вкупниот приход на комуникациските групации во Бугарија за изминатата 2021 година изнесувал рекордни 350 милиони лева, односно скоро 179 милиони евра, што претставува раст од 18.9% во однос на годината претходно. Комуникациските групации во Бугарија, заклучно со август 2022, вработуваат 1184 лица.
Во продолжение следува листата на топ 10 најголеми комуникациски групации во Бугарија, со приказ на агенциите од кои се составени, вкупните приходи во 2021, процентот на раст во однос на 2020 и бројот на вработени во 2022:
- Ogilvy Group
Составена од агенциите: MediaCom, Into Media, Metric DS, Mindshare, Ogilvy Advertising, Wavemaker, Knoway.
Приходи: 68,2 милиони лева (34,9 милиони евра)
Процент на раст: +35.4%
Вработени: 134
- DDB Group
Составена од агенциите: guts&brains DDB, Optimum Media, PHD, DNA, TribalWorldwide, final_new, Готово, Nitram.
Приходи: 59,5 милиони лева (30,4 милиони евра)
Процент на раст: +27.4%
Вработени: 158
- Dentsu Group Bulgaria
Составена од агенциите: Carat / iProspect / dentsu X, DENTSU CREATIVE, Amnet, Merkle.
Приходи: 58,1 милиони лева (29,7 милиони евра)
Процент на раст: +7.8%
Вработени: 384
- Publicis Groupe Bulgaria
Составена од агенциите: Saatchi&Saatchi Sofia, Leo Burnett, BrandWorks, Red Lion, Publicis Dialog, MSL, Digitas Translate, ZenithStarcom
Приходи: 50,8 милиони лева (26 милиони евра)
Процент на раст: +0.8%
Вработени: 180
- BBDO Group
Составена од агенциите: Graffiti BBDO, Media Direction, Proximity Sofia.
Приходи: 45,5 милиони лева (23,3 милиони евра)
Процент на раст: +43.8%
Вработени: 65
- Direct Media Group Bulgaria
Составена од агенциите: Direct Media KRES, Direct Media.
Приходи: 28,2 милиони лева (14,4 милиони евра)
Процент на раст: +47.9%
Вработени: 54
- Havas Group
Составена од агенциите: Havas Group Bulgaria, Media Planing Group, Havas Worldwide Sofia (+PR).
Приходи: 13,6 милиони лева (7 милиони евра)
Процент на раст: -25%
Вработени: 37
- Huts Group
Составена од агенциите: Mirum, Huts Group, Imagination, Wunderman Thompson.
Приходи: 10,1 милиони лева (5,2 милиони евра)
Процент на раст: +2.1%
Вработени: 65
- All Channels Group
Составена од агенциите: All Channels PR, All Channels Advertising, All Channels Activation, Connected, Datenwerk Bulgaria.
Приходи: 8,3 милиони лева (4,2 милиони евра)
Процент на раст: +27.7%
Вработени: 55
- The Smarts
Составена од агенциите: The Smarts, IQ Media, Paragraph 42, Shoot!.
Приходи: 7,4 милиони лева (3,8 милиони евра)
Процент на раст: -0.3%
Вработени: 52.