Шкотскиот бренд на виски Glenmorangie лансираше театрално живописна кампања насловена “It’s Kind of Delicious and Wonderful” („Тоа е еден вид на вкусно и прекрасно“), со која што сака да ги привлече луѓето со префинет вкус за виски, уметност и воопшто – исполнет живот.
Централниот спот на кампањата ги води гледачите низ шест различни фантастични сцени, од летање во воздухот со балон и прошетка низ раскошна ботаничка градина, преку играње на аркадни игри или допир со окултните практики, до посета на фризер и гледање на добар филм. Она што ги обединува сите шест сцени е уживањето во моментот, дополнет со чашка виски.
Кампањата е создадена под креативното водство на фотографот Мајлс Олдриџ, во соработка со креативната агенција DDB Paris.
„По пандемијата, сите стекнавме нова благодарност за тоа што можеме да поминуваме време со пријателите, да патуваме и да се почестиме себе. Сакавме да го пренесеме тоа во кампањата со славење на моментите на задоволство поминати заедно, како и издигнување на малите моменти што можете да ги имате самите дома“ – посочува Александер Калчев, генерален креативен директор на агенцијата DDB Paris.