Француската корпорација за малопродажба Carrefour Group и француската комуникациска групација Publicis Groupe соопштија дека планираат да основаат заедничка компанија насочена кон растечкиот пазар на медиуми за малопродажба во континентална Европа и Латинска Америка.
Медиумите за малопродажба (Retail Media) претставуваат вид на маркетинг насочен кон потрошувачите на самото место на купување или во негова непосредна близина, односно на местото на избор помеѓу конкурентни брендови или производи. Вообичаените техники вклучуваат огласување во физички продавници, огласување на онлајн продавници, делење пробни примероци, картички за лојалност и купони или ваучери.
Пазарот на медиуми за малопродажба претставува еден од најбрзо растечките канали за медиумско трошење, револуционизирајќи ги традиционалните медиумски хиерархии. Во следните три години, се очекува да ги надмине трошоците за телевизиско огласување на американските компании за пакувани производи за широка потрошувачка. Во континентална Европа, медиумите за малопродажба брзо добиваат на значајност и се очекува дека нивниот пазар ќе надмине 5 милијарди евра до 2026 година, според податоци од IAB и интерната анализа на Carrefour и Publicis.
Како основачки партнери на новата бизнис иницијатива, Carrefour и Publicis ќе ги искористат своите лидерски позиции во нивните соодветни индустрии со цел да ги издигнат пазарите на Европа и Латинска Америка до истите размери и меѓуповрзаност какви што го овозможија малопродажниот медиумски бум во САД.
Со комбинирање на напредните технологии на Publicis („CitrusAd powered by Epsilon“) со знаењето и експертизата за малопродажните медиуми на Carrefour Links, овој нов потфат ќе изгради сеопфатен пазарен модел кој ќе се однесува на целиот синџир на вредност на медиумите за малопродажба. Понудата ќе опфаќа од технологии за создавање листи на инвентар и споделување податоци наменети за трговците, до целосна комерцијализација на медиумски и податочни решенија за огласувачите – и сето тоа директно поддржано од трговски трансакции.
Ова заедничкa иницијатива има амбиција да привлече повеќе нови трговци на мало, да изгради неспоредлива мрежа на инвентар и да го забрза развојот на медиумите за малопродажба во Европа и Латинска Америка. Нејзината крајна цел е секоја компанија со директни допирни точки со потрошувачите и податоци од прва рака да се приклучи на платформата, со цел да го монетизира својот инвентар и да се здружи со соодветни огласувачите за да изгради поефикасни маркетинг стратегии и да го зајакне сопствениот бизнис.
Заедничката компанија ќе биде во сопственост од 51% на Carrefour и 49% на Publicis Groupe. Таа се очекува да започне со работа во првата половина на 2023 година, по комплетирањето на вообичаени регулаторни услови и вообичаени правни консултации.