Полскиот бренд на водка Belvedere ја лансираше својата нова кампања чија главна ѕвезда е британскиот актер Даниел Крејг, најпознат по улогата на Џејмс Бонд.
Во изминатите 15-тина години, улогата на Бонд често се прелеваше во рекламите кои актерот ги снимаше за различни брендови. Меѓутоа, Даниел Крејг ја одигра улогата на Џејмс Бонд по петти и последен пат во филмот “No Time to Die” од 2021 година. Оставајќи го сето тоа во минатото, новата реклама на Belvedere Vodka го претставува познатиот актер во едно сосема поинакво, пост-бондовско издание.
Имено, Даниел Крејг веќе не е резервиран и таинствен супершпион, туку човек кој безгрижно танцува и ужива во луксузот на Париз без никакви инхибиции. А, преку неговиот нов лик, Belvedere се позиционира како бренд кој промовира самоизразување, автентичност и стил.
Кампањата е создадена со помош на познатиот новозеландски режисер, продуцент и оскаровец Тајка Вајтити.