Минатата недела, жителите на Северна Америка имаа можност да го видат најдолгото затемнување на Месечината во последните 30-тина години, резултирајќи со портокалово-обоена Месечина на ноќното небо. Таквата можност ја искористи локалната франшиза на Fanta во Мексико за да ја претвори портокаловата Месечина во најголемата „вендинг машина“ за портокаловиот газиран пијалак на светот.
Мексиканските љубители на пијалакот беа поканети да направат фотографија од затемнувањето на Месечината и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштагот #FantaMoon, притоа означувајќи го официјалниот профил на брендот.
Откако уникатноста на фотографијата била верификувана од страна на специјализираниот тим на Fanta, фановите добивале приватна порака со промотивен код кој тие потоа можеле да го искористат за да добијат бесплатна фанта во кој било локал на McDonald’s или 7Eleven.
Промотивната кампања била реализирана со помош на креативната агенција Wunderman Thompson, од каде велат дека идејата буквално им „паднала од небо“.