Францускиот луксузен моден бренд Christian Dior ја објави својата нова Божиќна кампања насловена “The Atelier of Dreams” („Ателје на соништата“).
Кампањата прикажува волшебна празнична вечера организирана од страна на младата филмска ѕвезда Ања Тејлор Џој во личното цветно одморалиште на основачот на брендот Кристијан Диор во Јужна Франција, познато како Le Château de La Colle Noire.
Според брендот, се работи за „место исполнето со спомени, каде што гостопримството и великодушноста на Диор се претставени во сиот свој обем“.