Нешто повеќе од месец дена нé делат од новата 2023 година, а сервисот за графички дизајн 99designs ги објави своите предвидувања за визуелните трендови кои ќе доминираат во претстојната година.
Минатогодишните трендови се одликуваа со возбудливи и оптимистички стилски обележја, но иако таа позитивност останува да влијае врз овие предвидувања, зголемените трошоци за живот, политичката и воена нестабилност во светот дефинитивно предизвикваат бранување сферата на уметноста и дизајнот.
Токму затоа, бегството од реалноста, односно ескапизмот, најверојатно ќе биде клучна тема во естетиката на 2023 година: без разлика дали е тоа копнеж за нешто магично, со подемот на мистицизмот и надреализмот, или пак носталгична желба за враќање кон некоја мината удобност, визуелизирана преку ретро естетиката на 1990-тите.
Предвидувањата се вратат околу етерични слики со повеќе нијанси во тонови на скапоцени камења, невообичаени уметнички стилови и смели фонтови кои ја доловуваат каприциозната природа на живеењето низ турбулентните светски настани.
Овие трендови претставуваат смелост и желба за промени во свет кој еволуира. Светлите бои, раздвижената типографија и концептите за некаков „друг свет“ се проткаени со копнеж да се избега од реалноста и за момент да се нурне во удобностите на креативноста.
Во продолжение погледнете ја курираната листа на трендови кои што ќе ја одбележат следната 2023 година, составена од заедницата на фриленс дизајнери на 99designs: