Американскиот производител на автомобили Chevrolet повторно се одлучи за емоционален пристап кон својот празничен маркетинг.
Новиот едноминутен спот, насловен „Госпоѓа Хејс“, претставува спој на носталгија, тага и идеалистични соседски односи. Видеото започнува со жена која седи сама на паркинг во ’57 Chevy Nomad и се мачи да го запали автомобилот. Таа погледнува во сопствениот одраз во ретровизорот, предизвикувајќи каскада од спомени кои се вртат околу нејзиниот автомобил.
Многу години минуваат за само неколку секунди: Ја гледаме како расплакано се збогува со својот сопруг (кој е облечен во воена униформа), како сама се вози дома со превиткано американско знаме, па потоа станува мајчинска фигура на младо момче од соседството по име Били, го поучува како да го поправа автомобилот, ја вози сопругата на Били во болница за да роди бебе, а потоа се вратеќаме во сегашноста: веќе возрасниот Били тропа на прозорецот од автомобилот.
Рекламата завршува со сцена во која г-ѓа Хејс е сама во нејзината дневна соба, поставувајќи божиќни украси. Били, заедно со сопругата и ќерката, одеднаш се појавуваат пред нејзиниот дом, возејќи го автомобилот кој е целосно реновиран: надвор паѓа снег, а емоциите и спомените се преплетуваат на сите страни – класичен Божиќен филм со логото на Chevrolet.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Commonwealth//McCann.