Пребарувачот Google отпочнува иницијатива за збогатување на начинот на кој туристите ги истражуваат светските градови, преку интеграција на курирани прошетки и локални аудио водичи во кратографската платформа Google Maps.
За својата прва демонстрација на новото туристичко искуство, Google го избра грчкиот главен град Атина, претставувајќи го како „жив музеј“. Искуството им нуди на посетителите специфични аудио прошетки во рамки на кои локалните Атињани раскажуваат уникатни приказни поврзани со својот град.
Кампањата се реализира во соработка со организацијата This is Athens и грчкото Министерство за култура, потпомогнати од креативната агенција Cream+Rascal од Атина и продукциското студио Picky Productions.
Новото туристичко искуство создадено од Google за спознавање на локалната култура на Атина може да се разгледа на следниот линк.