Празниците наближуваат, а брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi, актерката Линдзи Лохан и Дедо Мраз ги повикуваат фановите да ја изменат празничната традиција, па наместо млеко со колачиња, да пробаат „пилк“ со колачиња.
Пијалакот „Пилк“, познат и како „валкана сода“, кружи на интернетот веќе некое време, а претставува коктел на Пепси со млеко.
Во рекламниот спот објавен од брендот, Дедо Мраз истура лименка Пепси во чаша со млеко оставена за него на Бадниковата вечер. Следното утро, Линдзи Лохан се буди и го наоѓа коктелот, во кој ужива заедно со колачиња.
Со цел промоција на оваа нова празнична „традиција“, компанијата организира наградна игра на социјалните мрежи. За да учествуваат, фановите само треба да споделат фотографија или видео во кое комбинираат „пилк“ и колачиња, заедно со хаштазите #PilkandCookies и #Sweepstakes. Компанијата ќе избере 25 добитници, кои ќе добијат парични награди.