Креативните награди Epica Awards се уникатни по тоа што тие се единствените од својот вид кои ги оценуваат и наградуваат кампањите исклучиво од перспектива на новинарите и уредниците на медиумите кои што ја следат креативната индустрија.
Доделувањето на овогодишните награди се одвиваше во дигиталниот простор, на онлајн наградна церемонија, со цел да се допре до што е можно поголем број гледачи.
На церемонијата беа доделени седум главни Grand Prix награди во шест различни категории. Притоа, две Grand Prix награди беа доделени во категоријата PR, а ниту една во категориите Design и Print.
Grand Prix наградата во категоријата Digital беше доделена за кампањата “Ketchup AI” на агенцијата Rethink Canada за клиентот Heinz.
Главната награда во категоријата Film беше доделена на агенцијата Leo Burnett Germany и клиентот Samsung Electronics за кампањата „The Spider and the Window“.
За најдобра кампања во категоријата Innovation беше прогласена “Touch Card” од агенцијата McCann New York за клиентот Mastercard.
Агенцијата Mirum Brasil и клиентот Directv Go ја освоија Grand Prix наградата во категоријата Media, за кампањата “The Pirate Match”.
Првата Grand Prix награда во категоријата PR беше доделена за кампањата “The Name Catalogue” на агенцијата Try Norway за клиентот IKEA.
Втората Grand Prix награда во категоријата PR му припадна на кампањата “The Missing Chapter” од агенцијата Leo Burnett India за клиентот Procter & Gamble.
Главната награда во категоријата Responsibility беше доделена за кампањата “Anti-Look – The Life-Saving QR Design” од агенцијата Scholz & Friends Germany за клиентот Johanniter-Unfall-Hilfe.
Титулата „Агенција на годината“ ја понесе агенцијата Rethink Canada, додека пак за „Агенциска мрежа на годината“ беше прогласена McCann Worldgroup.
Целосната листа на добитници на бронзени, сребрени и златни награди е достапна на следниот линк.