Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung лансираше нова кампања насловена “Find Your Flipside” („Откријте ја вашата превртена страна“), преку која ја истражува моќта на промените и новите можности.
Кампањата, која се спроведува на социјалните мрежи, има за цел да го промовира новиот паметен телефон на преклопување Samsung Galaxy Z Flip4. Притоа, главната целна група на кампањата се припадниците на младата Генерација „Z“.
Со цел реализација на кампањата, брендот го ангажираше професионалната гејмерка @loserfruit, готвачот @dimsimlim, моделот @simplydanbrown и шминкерката @rowisingh.
Кампањата започнува со филм кој ја „превртува“ приказната за она по што се познати овие креатори на содржини, користејќи ги телефоните на преклопување на Samsung како портали за пристап до овие нови вештини.
Серијата содржини ќе го прикаже патувањето кон себеоткривање на секој креатор додека тие се менторирани и мотивирани преку нивното искуство на „превртената страна“.
Кампањата ќе се спроведува на дигиталните платформи TikTok, Instagram, YouTube, Twitch, BVOD, Pinterest и Yahoo. Притоа, таа се реализира со помош на креативната агенција CHEP Network и продукциската куќа Entropico Films.