Повеќе од 1.000 вработени во познатиот американски дневен весник New York Times минатата недела излегоа на 24-часовен штрајк поради закочените преговори за нов колективен договор.
Вреботените се без договор од март 2021 година, а разговорите за нов договор се одржаа во вторникот и средата. Меѓутоа, двете страни не успеале да постигнат консензус по однос на повеќе прашања, вклучително и за зголемување на платите и политиките за работење од далечина. Во средата вечерта, синдикатот NewsGuild објави дека не е постигнат договор и дека следниот ден ќе има протест.
„Бевме подготвени да работиме онолку долго колку што е потребно за да постигнеме фер договор, но раководството стана од масата пет часа пред крајот на преговорите“, се вели во соопштението на NewsGuild.
Во четвртокот наутро, синдикатот објави дека вработените „официјално штрајкуваат“, што е прв ваков случај во новинската организација во последните 40 години.