(09.12.2022) – Вториот ден од NEM Zagreb 2022 започна со појадок организиран од Adriatic Luxury Hotels, долгогодишен партнер на NEM Dubrovnik, во NEM Lounge.
По прекрасниот почеток, учесниците на настанот се преселија во Салата за панели за презентацијата “Co-production Business Practice” со водечки телевизиски професионалци, во која улествуваа:
- Френк Спотниц, извршен директор и извршен продуцент во Big Light Productions и
- Марике Муселаерс, главен директор за содржина и партнерства во Lumière Group.
Споделувајќи инспиративни сознанија за нивното долгогодишно искуство со копродукции, говорниците истакнаа дека копродукцијата е победничката конкурентна формула за земјите надвор од регионот.
Лидерските предизвици беа уште една интересна тема на вториот ден на NEM Zagreb 2022. Кога трошоците за производство имаат тенденција да растат и буџетирањето има тенденција да вклучува намалување на трошоците, кога новите технологии и процеси се имплементираат во обид да се остане во чекор со трендовите, охрабрувањето на продуктивноста на вработените во никој случај не е лесна задача. Панелот “Biggest Challenges One Can Face in a Leadership Role” беше модериран од Марија Руа Агуете, извршен директор и технолошки соработник во Omdia, а говорниците кои ги споделија тајните на нивните лидерски вештини беа:
- Матијас Сетеле, генерален директор TV Markíza и член на уредувачкиот одбор на CME, и
- Емил Кошлуков, генерален директор на Бугарската национална телевизија.
Следниот клучен настан на денот беше Content Showcase посветен на презентација на најновите проекти во регионот и Европа. За време на двочасовната презентација, 16 говорници од шест успешни компании презентираа информации за над 30 интригантни нови проекти, вклучително и:
- Firefly Productions, со презентација на нивните меѓународни проекти;
- Joomboos воведува проекти што моментално се во развој и најавува нови проекти развиени од нивниот креативен тим по исклучително популарните тинејџерски серии Outsiders и Tea’s Diaries;
- Viaplay Group ја претстави својата содржина Viaplay Select што ќе стане ексклузивно достапна во регионот преку стриминг Pickbox NOW од 1 декември;
- RTV Slovenia презентираше за нивната славна крими серија која ја сакаат и гледачите и критичарите, најавувајќи нови сезони на серијата;
- CineLink Drama претстави три драма серии од Југоисточна Европа кои моментално се во развој;
- BH Telecom воведува дури седум нови серии, потврдувајќи ја на NEM Zagreb 2022 нивната важна нова улога во продукцијата на телевизиски драма серии.
Проектите и копродукциите објавени за време на презентацијата беа интригантна тема на Копродукцискиот вмрежувачки ручек со голем број независни продуценти и претставници на продукциски и телевизиски куќи. Овој приватен настан е дизајниран како одлична можност за вмрежување за учесниците на NEM Zagreb 2022 заинтересирани за копродукцискиот бизнис.
Глобални трендови, популарни жанрови и формати
Содржината базирана на вистинити приказни е исклучително популарна, но дали овој опис воопшто е точен? Ова беше важна тема на дискусии на панелот “How To Approach True Stories?”, на кој учествуваа говорници кои коментираа за стандардите што треба да ги исполнуваат содржините за да се категоризираат како „засновани на вистинска приказна“.
Ричард Мидлтон, управен уредник во TBI, беше домаќин на исклучително интересна дискусија со учесниците на панелот, вклучувајќи ги:
- Френк Спотниц, извршен директор и извршен продуцент во Big Light Productions;
- Мајкл Искас, главен извршен директор во Antenna Studios;
- Лери Бас, извршен директор и извршен продуцент во ShinAwiL Productions;
- Рита Гребенчикова, раководител на филмска продукција, продуцент, во UPHub (Украински продуцентски центар); и
- Дариуш Јаблонски, основач, извршен директор, продуцент и режисер, во Apple Film Production.
Глобалните медиумски трендови отсекогаш биле фокусна точка во сите изданија на NEM, вклучително и на NEM Zagreb 2022. Вредноста на глобалните медиуми се очекува да надмине еден трилион американски долари до 2027 година, а 42 отсто од приходот доаѓа од онлајн видео стриминг. Исто така, се предвидува дека онлајн рекламирањето ќе генерира повеќе од 331 милијарда американски долари во следните пет години. Која е улогата на TikTok, Meta и YouTube? Марија Руа Агуете, извршен директор i технолошки соработник vo Omdia, презентираше студија на случај за Глобалните трендови во медиумите и сподели важни информации за оваа тема за време на интервју еден на еден со Даниел Фридлендер, директор за европски прашања и раководител на европската канцеларија на телевизијата Sky.
Како дел од интересните дискусии на панелот за скандинавски копродукциски модел во Јадранскиот регион, говорниците зборуваа за опциите за имплементација на успешниот скандинавски производствен модел во рамките на различната култура на Јадранскиот регион, споделувајќи ги своите ставови за тоа што би било потребно за направи овој модел да работи и во оваа област. Учествуваа панелистите:
- Марике Муселаерс, главен директор за содржина и партнерства во Lumière;
- Бобан Јевтиќ, директор за стратегија и развој на содржини во Firefly Productions; и
- Ванда Рапти, извршен потпретседател и главен комерцијален директор за Северна Америка и Viaplay Select при Viaplay Group.
Вториот успешен ден на NEM Zagreb 2022 беше затворен со голема Божиќна забава од Pickbox со пријателите и соработниците на ТВ каналот Pickbox и стриминг платформата Pickbox NOW.
Повеќе информации за настанот можат да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.neweumarket.com/zagreb/