Инстаграм никогаш не се срамел да ги следи чекорите на своите конкуренти: го „позајми“ концептот на “Stories” од Snapchat, се „инспирираше“ од TikTok за “Reels”, а го повтори BeReal со функцијата “Dual”.
Овој пат, социјалната мрежа воведува нова функција нарешена “Notes” („Белешки“), преку која корисниците ќе можат јавно да објавуваат кратки текстуални пораки на својот профил – што потсетува на главниот концепт на Твитер.
„Белешките“ ќе бидат ограничени на 60 карактери, вклучувајќи текст и емотикони. Тие ќе функционираат слично како „приказните“, така што ќе можат да се гледаат само 24 часа од нивното објавување.
Притоа, сите „белешки“ на пријателите и следбениците ќе можат да се прегледуваат преку делот на апликацијата наменет за „пораки“, а секоја реплика не нечија „белешка“ ќе биде испратена како директна приватна порака.