Владата на Обединетото Кралство објави преку законски инструмент дека, очнувајќи од 16 декември 2022 година, ќе го забрани „извозот“ на адвертајзинг услуги во Русија, заедно со уште неколку други професионални услуги.
Агенциите ќе добијат исклучок од санкциите за рекламирање до 15 март 2023 година, доколку своите договори со руски клиенти ги склучиле пред 16 декември 2022 година. По овој датум, исклучокот нема да се применува.
Оваа одлука доаѓа по претходното соопштение на британската владата на крајот на септември, во кое таа ја истакна својата намера да го прошири списокот на санкции за извозни услуги во Русија кои веќе беа во сила, вклучувајќи ги тогаш и услугите за односи со јавноста.
Професионалното тело кое ги застапува британските даватели на адвертајзин услуги, Advertising Association, потоа објави соопштение во кое вели дека целосно ги поддржува овие мерки, како и одлуката на многу компании кои веќе ги прекинаа деловните врски со Русија.
„Компаниите ќе го прекршат законот ако извезуваат рекламни и маркетинг услуги во Русија или на лица поврзани со Русија откако легислативата ќе стапи на сила, со ограничени исклучоци. Ги повикуваме бизнисите да дејствуваат веднаш за да избегнат нелегално тргување. Ќе продолжиме да работиме со владата за да се осигураме дека овие санкции имаат максимално влијание врз режимот на Путин, притоа минимизирајќи го нарушувањето на бизнисите во Обединетото Кралство и обезбедувајќи легитимните и неопходни активности да продолжат“ – истакна Стивен Вудфорд, извршен директор на Advertising Association.