Германскиот автомобилски бренд Volkswagen ја лансираше својата нова кампања за домашниот германски пазар, насловена “Вратете ја енергијата”.
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во која една постара жена го продава својот сакан, но веќе стар Golf. Како последица на разделбата, нејзиниот живот стана тажен, а сè наоколу ја потсетува на убавите моменти што ги има поминато со својот автомобил.
Маѓутоа, на крајот, има само едно нешто што може да ја врати нејзината енергија: новиот, целосно електричен автомобил GTX.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција DDB Berlin.