Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова сезонска зимска кампања за литванскиот пазар, едноставно насловена “The Snowman” („Снешко“).
Рекламата прикажува магично оживеан Снешко кој тргнува на мисија полна со предизвици, сé со цел да дојде до локалниот ресторан на McDonald’s. Снешкото се префрлува преку огради, се вози во лимузина на моминска забава, се лизга по скали, но евентуално успева во својата намера и со горда насмевка си купува топол оброк од McDonald’s.
Тогаш го гледаме слоганот „Вкус за кој вреди да се стопите“, имплицирајќи дека овој оброк можеби е и последен за Снешкото, кој веројатно би се стопил по консумирањето на топлиот хамбургер.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA Latvia и продукциското студио Film Angels Production.