Министерство за енергетика, трговија и индустрија на Кипар лансираше нова кампања со цел промоција на националните вина, со наслов “A Sip Of History” („Голтка историја“).
Во овој живописен филм, креаторите ја слават умешноста и уметноста на локалното лозарство, создавајќи инспиративни слики за да ја привлечат и забавуваат публиката. Резултатот е филмски жанр кој вешто балансира помеѓу апстрактниот изглед и неговиот книжевен наратив за да опише 6000-годишна приказна за правење вино.
„Виното на Кипар не е само вино. Тоа е одраз на самиот остров. Тоа се боите и мирисите, луѓето кои што ја работат земјата, тајните на занаетот кои се пренесуваат од генерација на генерација. Тоа е неизгаслива страст и бескрајна љубов кон правењето вино. Сонцето е тоа што великодушно го дава својот скапоцен подарок на земјата на островот“ – се посочува во описот на кампањата.
Кампањата е создадена со помош на продукциското студио SEMIO Productions, во режија на Парис Ел-Саид.