Доделувањето на наградите на UEPS се врати во својот добро познат термин, а на синоќешното доделување на наградите за 2022 година, Grand Prix наградата му припадна на проектот „Суперхерој“ на компанијата Mastercard и агенцијата McCann Белград. Оваа награда доаѓа како шлаг на тортата на уште една многу успешна година за агенцијата, а покрај неа, McCann Белград освои уште 15 награди со своите клиенти Mastercard, Erste Bank и Coca Cola, додека пак Mastercard беше прогласен и за „Огласувач на година“.
„Суперхероите“ беа доминантни во категориите Мода, Спорт, Игри на среќа, Финансиски сектор и услуги, Креативна ефикасност, Награда за директен маркетинг, Награда за креативна употреба на медиуми, ПР на бренд, Награда за односи со клиенти, Присуство на социјалните медиуми, Награда за најдобра веб-страница, Креирање на идентитет, Пакување и индустриски дизајн, Признание за корпоративна општествена одговорност и посебно признание „Драган Сакан“ за унапредување на професијата, па со сето тоа го освоија и заслуженото Grand Prix! Компанијата Mastercard беше избрана од страна на жирито за „Огласувач на годината“.
„Да се работи на кампања како „Суперхерој“ е голем предизвик и одговорност, но во исто време и чест. Од самиот почеток, чувствувавме дека имаме добра, искрена идеја и се надевавме дека ќе ги поттикне луѓето на акција. Денес, една година и неколку модни колекции подоцна, можеме да кажеме дека нашите надежи се остварија, што нé прави исклучително горди и ќе продолжи да биде наша мотивација да иновираме секоја нова колекција и кампања за да ѝ помогнеме на организацијата NURDOR да продолжи да работи на својата важна мисија. Благодарност до жирито и колегите кои ја препознаа целта, креативноста и љубовта со која го градиме Суперхеројот!“ – изјави Милена Ѓориќ Гудуриќ, маркетинг директор во Mastercard за пазарите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Со својот клиент Erste Bank, агенцијата McCann Белград освои бронзена награда во категоријата Финансиски сектор и услуги за кампањата „Верувај во себе“, додека бронзената награда за односи со клиенти ја доби брендот Rosa на компанијата Coca Cola за кампањата „За родителство природно како Rosa“ реализирана од креативниот тим на McCann Белград.
„Проектот „Суперхерој“ е навистина посебен за нас, симболизира упорност и трпение, но и моќ што ја има една идеја – идеја која ги надминува сите пречки и го менува светот на подобро. Горди сме на целиот проект, не само во креативна смисла, туку пред сé на значењето што го има за нашето општество и нашата индустрија. Суперхеројот е тука да остане, бидејќи на светот секогаш ќе му требаат суперхерои чија моќ лежи во добрината и разбирањето. Ни помалку ни повеќе, горди сме на кампањите „Верувај во себе“ и „За родителство природно како Роса“, кои, исто како и суперхероите, ја претставуваат нашата аспирација да придонесеме за целото општество преку нашата работа и да го промениме светот на подобро“ – изјави Александар Милојевиќ, директор за стратешко планирање на агенцијата McCann Белград.