Според мистериозен извор, вистинскиот Дедо Мраз живее во Лапонија. Но, за да открие за сигурно, романскиот автомобилски бренд Dacia тргна на патување да истражи и да се обиде да ја открие добро чуваната тајна на северната земја.
Она што следува е реклама налик на краток снежен документарец во која брендот триумфално прокламира: „Го најдовме Дедо Мраз!“. Но, не само што тие го нашле Дедо Мраз, туку и откриле дека тој вози Dacia Duster… кој би рекол… :)
Во првиот дел од спотот го гледаме Дедо Мраз како изведува типични активности во снежната земја Лапонија, за во вториот дел да ја откриеме неговата вистинска тајна како разнесува подароци со помош на теренско возило на Dacia.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Heaven од Париз.