Речиси три децении, фестивалот Golden Drum претставува една од најзначајните крстосници на креативните, маркетинг и огласувачки професионални заедници во европскиот адвертајзинг простор. Секогаш имал големо влијание врз развојот на индустријата, не само во некогаш толку познатата „Нова Европа“, туку и пошироко. Годинава фестивалот Golden Drum се враќа на своите корени – во Порторож, Словенија.
Секоја година фестивалот ги слави најдобрите идеи, најдобрите креативни тимови и најдобрите поединци кои оставиле свој белег во индустријата, оние кои успеваат да вдишат душа во одлична идеја.
“Доме сладок доме! Golden Drum се враќа во Порторож, се враќа во Grand Hotel Bernardin за уште едно неверојатно издание. Нашата екипа е подготвена да се смести во Порторож. Навистина, оваа година ќе ја славиме креативноста во сиот нејзин сјај на 9 и 10 октомври 2023 година на словенечката ривиера“ – рече Мојца Бришчик, претседател на фестивалот Golden Drum.
Новитети на натпреварот во 2023 година
Овогодинешниот фестивал Drum Festival ќе открие голем број новитети.
Фестивалот ќе ја претстави новата натпреварувачка секција посветена на медиумите наречена Creative Media Excellence Section, а со тоа и нова награда за најдобра „Медиска агенција на годината“.
„Golden Drum отвора нова натпреварувачка секција – Creative Media Excellence, бидејќи креативниот свет на фестивалот Golden Drum претставува синергија од одлични идеи, добро осмислени стратегии и неверојатни егзекуции, а без одлични медиумски решенија, големите идеи не би појавиле на виделина“ – вели Шпела Левичник Облак, директорка за натпреварувања при Golden Drum.
Секцијата Creative Media Excellence е наменета за креативни дела со исклучителна медиска стратегија, таргетирање и медиско извршување. Членовите на жирито ќе се фокусираат на паметни медиски кампањи кои даваат приоритет на креативната и ефективна употреба на каналите за да се пренесе пораката на брендот до целната публика.
Наградата за „Медиска агенција на годината“ ќе ѝ оддаде признание на најдобрата медиска агенција која покажала исклучителна креативност во сферата на медиумите. Наградата ќе ѝ биде врачена на медиската агенција која ќе собере најмногу поени во фестивалскиот креативен натпревар.
Нова категорија отворена за пријави од целиот свет
Секцијата за сите жирија (All Juries Section) ќе претстави нова натпреварувачка категорија отворена за пријави од целиот свет. Категоријата Game Changer ќе биде отворена за кампањи кои ги предизвикуваат традиционалните начини на огласување преку нивната идеја, концепт и/или извршување. Пријавените дела во оваа категорија треба да претставуваат некаков креативен пробив, иновативна промена во процесот или процедурите што го водат патот напред во огласувањето, или поттикнала промена во начинот на размислување и однесување на целната публика.
„Golden Drum отсекогаш бил – и секогаш ќе биде – познат по славењето на големото знаење и идеи засновани на локалните култури на нашиот регион. Но, за нас е големо задоволство да ја објавиме категоријата Game Changer, која е отворена за пријави од целиот свет и ќе се залага за пробивни идеи кои го водат патот напред за глобалната адвертајзинг индустрија, вклучително и за овој регион. Здраво свету!” – изјави Миха Бевц, директор за натпреварувања при Golden Drum.