Индискиот дневен весник Times Of India лансираше нова кампања насловена „What Makes Us One“ („Она што нé прави единствени“), која што ја слави разноликоста на нацијата и невидливата заедничка нишка која ги сплотува сите нејзини жители.
Централниот спот на кампањата е исполнет со визуелен раскош на бои и светлина, комбинирани со значајни обележја и локации по сета ширина и должина на Индија. Кампањата ја развива идејата за „заедничка нишка“ симболички прикажана преку низи од светилки кои красат храмови, цркви, џамии, манастири, споменици и статуи, но и разни превозни средства како возови, камиони, бродови и кочии. Филмот вклучува и снимки од разни фестивали на светлината и други религиски празници кои се слават во земјата.
Видеото е проследено со музика отсвирена на традиционалниот инструмент ектара кој „поврзува милијарди гласови во една песна“. Во позадина исто така можат да се слушнат гласовите на познати идниски лидери низ историјата како Махатма Ганди, Субаш Чандра Босе, Џавахарлал Нехру, Сардар Пател, Индира Ганди, АБ Вајпаје и Нарендра Моди.
Според бренд директорот на Times Of India, Каустув Чатерџи, кампањата има за цел да поттикне дискусија за тоа што значи Индија за нејзиниот народ.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Wunderman Thompson India, а ќе се емитува на национални телевизии, на социјалните мрежи и други дигитални платформи.