EssenceMediacom е новата и најголема медиска агенција во рамки на GroupM на WPP, официјално почнувајќи со работа од 1 февруари 2023 година со поставена цел: „Нарушување на застарените модели на работа во медиумите, креативноста, иновациите и аналитиката“.
Предводена од глобалниот извршен директор Ник Лосон, агенциската мрежа ќе биде составена од 10.000 луѓе низ 120 канцеларии ширум светот, комбинирајќи ги досегашните ресурси, алатки и знаење на агенциите Essence и MediaCom.
Уште на самиот старт, новата агенција може да се пофали со широк список на сериозни глобални клиенти, вклучувајќи големи огласувачи како Adidas, Bayer, Dell, Google, Mars, NBCUniversal, PlayStation, Procter & Gamble, The Coca-Cola Company и Uber. Агенцијата соопшти дека ќе биде одговорна за повеќе од 21 милијарди долари во глобални медиски инвестиции.
„Овој процес се подготвуваше девет месеци и јас сум толку возбуден што гледам дека нашата амбиција да ги споиме Essence и MediaCom конечно стана реалност. Она што ќе ја поткрепи нашата револуционерна агенција се нашите луѓе и ние ќе бидеме цврсти во нашата посветеност да обезбедиме средина на континуирано учење за да можат да растат и да бидат најдобри што можат. Заедно, и со помош аналитиката, податоците и технологијата во нашите срца, не се сомневам дека на нашата база на клиенти ќе им испорачаме револуционарни решенија“ – истакна глобалниот извршен директор на EssenceMediacom, Ник Лосон.