Бугарската минерална вода Velingrad се полни од изворите на Родопските Планини, кои што се познати по својата голема природна убавина. Меѓутоа, зголемените активности на луѓето придонеле за нарушување на природниот баланс на овие планина, загрозувајќи ја животната средина на одредени видови животни.
Останувајќи доследни на својот бренд, Velingrad заедно со креативната агенција proof. веќе неколку години активно работаат на кампањата „Душата на Родопите“. Целта на кампањата е медиумска промоција на иницијативата Rewilding Rhodopes и луѓето кои посветено работат за заштита на животната средина, повторното воведување на изгубените видови животни и враќање на еколошкиот баланс во Родопските Планини.
Главниот продукт на оваа соработка беше серијал на документарни филмови кои се фокусираат на напорите за враќање на специфични животински видови во екосистемот на Родопите, по засебни епизоди, вклучувајќи го црвениот елен, дивиот коњ и европскиот бизон.
Според податоците на агенцијата, документарниот серијал допрел до 1.300.000 луѓе во држава со 3.500.000 интернет корисници. Притоа, гледани биле над 300.000 минути филм. Кампањата придонела за пораст од 18% во интеракциите на социјалните медиуми. Но, најважно, привлекла 66 нови донации за поддршка и продолжување на напорите за враќање на еколошкиот баланс на Родопските Планини.
Во продолжение погледнете го краткиот видео-осврт на кампањата: