Американскиот производител на автомобили Ford започнува нова пан-европска кампања со цел промоција на новиот пикап Ford Ranger 2023. Се работи за модел кој го заменува најпродаваниот пикап во Европа веќе осум последователни години.
Со наслов „Go Break It In“, кампањата ги превртува конвенциите во автомобилската категорија, избегнувајќи снимки на убавина и блескави возила. Наместо тоа, Ford смета дека добриот пикап е тука да ви служи за надминување на теренските работни предизвици.
Имено, како добар пар нови фармерки, новиот пикап треба да го „разработите“, а како најдобро да го сторите тоа ако не преку негово намерно „казнување“ и соочување со предизвици, односно „валкање“ на секаков можен терен – и тоа при неговото прво возење. Токму тоа го гледаме во рекламата, која ја илустрира цврстината и истрајноста на новиот модел.
Покрај видеоспотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата исто така ќе опфаќа активности на социјалните мрежи, поставување билборди и пласирање во печатените медиуми.
Кампањата се реализира во партнерство со креативната агенција AMV BBDO.