Маркетинг агенцијата Brand Union со нас сподели уште една успешна кампања која ја спроведе за својот клиент Ladna. Празничниот период Ladna го посвети на работите кои навистина значат – вниманието и времето посветени на саканите. Во својата најнова кампања, Ladna креираше платформа во која на своите фанови им даде поттик, но и помош во форма на идеи и предлози како да бидат вистински присутни и посветени едни на други.
Со 220% пораст на посети на профилите, 150% пораст на интеракции на Instagram, 440% пораст на интеракции на Facebook и над 9000 коментари и позитивни реакции, Ladna докажа дека пријателскиот пристап и отворениот разговор со публиката се она што ги прави вистинските врски помеѓу брендовите и публиката.
„Среќни сме што имаме клиенти кои разбираат дека отворената, емотивна конекција со фановите значи и нивно задржување на долг рок. Особено сме горди што во период на празници кога речиси секој бренд ја поттикнува својата публика на масовно купување, Ladna ни остави простор да се посветиме на работите кои имаат суштинско значење во квалитетот на секојдневието и животите на публиката“ – вели Бојана Завкова, Brand Strategist во Brand Union.
Кампањата се состоеше од серија на прашања и теми на дискусија, кои во форма на дизајнирани објави беа споделувани на социјалните мрежи на Ladna во текот на 1 месец. Имајќи за цел да ја поттикне публиката да дискутира и целосно да се посвети на квалитетно поминато време со саканите, кампањата ги направи страниците на Ladna онлајн локации исполнети со позитива, пораки полни со многу љубов и разбирање.
„Се надеваме дека оваа кампања ќе го пружи иницијалниот поттик за публиката да започне вистински да биде присутна и попосветена на саканите. Драго ни е што наидовме на убав прием од страна на публиката и одлична интеракција, навистина ни значи тоа што можеме да го направиме нивното секојдневие поубаво и тоа што Ladna е дел од сите овие значајни мигови за нашата публика“ – изјави Јасмина Бошковска, бренд менаџер на Ladna.
Посетете ги Facebook и Instagram профилите на Ladna, погледнете ги темите и прашањата, можеби некое од нив ќе отвори вредна дискусија и за вас и вашите најмили.