Со цел демонстрација на извонредните кинематографски можности кои ги нуди камерата на новиот паметен телефон Galaxy S23, технолошкиот гигант Samsung го ангажираше познатиот холивудски режисер Ридли Скот чија филмографија вклучува наслови како “Alien”, “Blade Runner” и “Gladiator”.
Филмот насловен “Behold” ја води публиката на патување во едно предградие на Марсеј, каде што еден млад човек се обидува да најде спокој среде урбаниот хаос околу него. Триминутниот филм ја поканува публиката да застане и да ужива во чистината на секоја сцена, прикажувајќи ја етеричната убавина на старите и сиви згради, но и да укаже на секојдневните опасности од животот на улиците.
Коментирајќи за делото, Ридли Скот изјави: „Мислам дека идејата е алегорична. Филмот претставува многу едноставно, но емотивно парче раскажување. А, поради тоа што снимавме со телефон, можевме да пристапиме до реални средини и помали простори“.
Во создавањето на филмот, Samsung и Ридли Скот добија поддршка од агенциите Plan’it, Cheil и Untold Studios.