Британскиот луксузен моден бренд Burberry започнува со реформирање на својот бренд идентитет со цел да го означи новото креативно поглавје во својата историја под водство на новиот креативен директор Даниел Ли.
Ли, кој претходно работеше како креативен директор на Bottega Veneta, го наследи Рикардо Тиши, откако овој вториот си замина по пет години помина во Burberry. Под водство на Тиши, брендот се насочи кон развој на унифициран и минималистички бренд идентитет, но според сегашните најави, се чини дека Burberry ќе започне нова „декоративна“ ера во својот развој.
Откако Даниел Ли го презеде креативното кормило, профилите на социјалните мрежи на брендот беа целосно „испразнети“ со содржина, но сега тие повторно „оживееја“ со првите креативни изрази на Ли.
Новиот директор веднаш го врати амблемот на средновековен витез кој јава коњ и држи знаме на кое пишува “Prorsum” – латински за „Напред“. Овој амблем беше првпат прифатен од брендот во далечната 1901 година, но напуштен во 2018 година – до сега.
Исто така, претходното лого со задебелени букви без серифи, сега добива поелегантни и потенки букви со декоративни серифи.
Дебитантската кампања на Ли е дефинитивно британска и главно вклучува познати личности од британскиот јавен живот, како музичарите Џон Глечер, Шајгрл и Скепта, фудбалската ѕвезда Рахим Стерлинг, моделите Ленон Галагер и Либерти Рос и актерката Ванеса Редгрејв – фотографирани пред различни знаменитости во Лондон. Од интернационалните ѕвезди тука е јужнокорејската актерка Џун Џи-хјун, која минатата година беше назначена за амбасадор на брендот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Парчињата облека што можат да се видат на досега објавените фотографиите се дело на претходниот креативен директор Тиши. Но, дизајнерската визија на новиот директор Ли во клучниот сегмент на модата ќе го оствари своето деби на модните писти за време на Лондонската модна недела подоцна овој месец.