„Едниот комплет кој ги владее сите“
Данскиот производител на играчки LEGO лансираше нов комплет за возрасни инспириран од популарниот роман и филм „Господарот на прстените“.
Комплетот се состои од дури 6,167 парчиња, кои кога ќе се наредат го формираат замокот на самовилскиот град Ривендел, каде за прв пат се собра „Дружината на прстенот“. Секако, комплетот вклучува и фигури на сите членови на „Дружината“, како Фродо, Гандалф, Арагорн и ЛЕГОлас, меѓу останатите. :)
Со цел промоција на комплетот, LEGO објави и хумористичен видеоспот во кој една жена не може да го дочека својот партнер и решава сама да почне да го составува комплетот, соживувајќи се со самовилска принцеза. Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Advance A/S.
Комплетот ќе започне да се продава од 8 март, по цена од 500 американски долари.