LinkedIn е првенствено позната како професионална бизнис мрежа. Сепак, таа има и своја “морничава“ и “воајерска“ страна: функцијата ‘кој го прегледал вашиот профил’.
Vier (една од поголемите белгиски ТВ-станици) и агенцијата BBDO ја искористија оваа функција за да го објават почетокот од емитувањето на ‘Stalker’, нова трилер ТВ серија.
Тие креирале измислен LinkedIn профил за ‘Stalker’ и го пополниле со информации за емитувањето на серијата, ексклузивен трејлер и лични, но и помалку вознемирувачки детали.
‘Stalker’ прегледал околу 12 000 LinkedIn профили.
Сите ‘жртви’ добиле нотификацијата дека одреден ‘Stalker’ го прегледал нивниот профил. 63% од нив биле љубопитни и го прегледале профилот на Stalker.
Дури и без сопствен Твитер профил, ‘Stalker’ добил околу 27 600 Твитер интеракции.
Одлично смислена оригинална кампања !
Заслуги:
Креативни директори: Jan Dejonghe, Sebastien De Valck, Arnaud Pitz
Арт директор: Jan Dejonghe
Копирајтер: Jutta Callebaut
Акаунт менаџер: Lore Desmet
Акаунт директор: Isabel Peeters
Видео: Jasper Heldenbergh
Social strategy: Julie Bogaerts
Клиент: SBS Belgium VIER