Фестивалската конкуренција на Golden Drum е збогатена со сосема нова натпреварувачка секција насловена “Creative Media Excellence Drum”. Со неа фестивалот воведува и нова награда за најдобра „Медиска агенција на годината“. Новододадена кон натпреварот е и специјалната група “Game Changer” отворена за учесници од целиот свет.
Секцијата Creative Media Excellence е наменета за креативни дела со исклучителна медиска стратегија, таргетирање и медиско извршување. Членовите на жирито ќе се фокусираат на паметни медиски кампањи со приоритет на креативната и ефективна употреба на комуникациските канали за пренесување на пораката од брендот до целната публика. Пријавените проекти ќе треба да го демонстрираат постигнувањето на зацртаните цели на кампањата.
Оваа секција се состои од две групи: “Creative use of Media” и “Excellence in Media”, кои понатаму се делат на различни категории.
Овогодишен претседавач со жири-комисијата за секцијата “Creative Media Excellence” ќе биде Барбара Еванс, управен партнер во Mediaplus Group од Германија.
Во оценувањето на пријавените кампањи во оваа скеција, на Барбара ќе ѝ се придружат уште осум членови на жирито: Ејал Гај, генерален креативен директор и партнер во DIBOOR од Израел; Јурај Ковач, креативен и стратегиски директот во THIS IS LOCCO од Словачка; Тему Ниглик, генерален извршен директор во Omnicom Mediagroup од Финска; Олга Пересилд, генерален извршен директор во EssenceMediacom од Естонија; Маријан Петку, директор за стратегија во Dentsu за Југоисточна Европа и директор за клиенти во Dentsu Романија; Едгарас Петручионис, директор за стратегија, Havas Creative Вилнус, агенција SOMA, Литванија; Тијана Поповиќ, генерален извршен директор, GroupM, Србија; Дагмара Витек-Кусмидер, генерален креативен директор, Publicis Worldwide Полска.
Креативниот фестивал Golden Drum ќе се одржи од 9 до 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија. Повеќе информации на следниот линк.