Со цел промоција на својот газиран пијалак без шеќер, брендот Pepsi лансираше не една, туку две реклами во пресрет на американскиот Super Bowl.
Главни ѕвезди на кампањата се комичните актери Бен Стилер и Стив Мартин кои во двата спотови набрзо поминуваат низ неколку стереотипни филмски улоги, демонстрирајќи дека емоциите кои ги гледаме на малите екрани се всушност само глума, а не реалност.
Па така, кога спотовите завршуваат со сцена во која актерите отпиваат голтка Pepsi Zero Sugar и имаат неверојатна реакција која набрзо се смирува, остануваме со прашањето: Дали нивната реакција била искрена или се работи само за глума? Единствениот начин на кој гледачите можат да откријат е доколку пробаат сами!
Тоа е всушност пораката на Pepsi за нивниот пијалак: Пробајте сами, за да се уверите!