Montblanc и Ferrari се два моќници во нивните соодветни индустрии, при што и двата брендови постојано испорачуваат производи што ја дефинираат ерата. Па така, кога тие ќе се здружат за заеднички проект, може да се очекува само апсолутен луксуз во поглед на дизајнот и перформансите.
Имено, двата брендови го претставија новото мастилно пенкало Stilema SP3 чиј дизајн е инспириран од извонредниот спортски автомобил Ferrari Daytona SP3, кој пак се карактерисира со голема моќност и аеродинамичност.
На двата краеви од пенкалото се ноаѓаат наребрувања кои произлегуваат од сличните наребрувања, односно решетки присутни кај предните и задни браници на автомобилот.
На крајот од пенкалото се наоѓа впечатливо црвено сечило кое треба да изгледа како да е секогаш осветлено. Со цел да се добие ваквата илузија, на експертите од Montblanc им биле потребни неколку месеци да го најдат соодветениот материјал за таа работа. Ова црвено сечило се лизга наназад за да го открие „буренцето“ за мастило, дизајнирано специјално за овој модел.
Врвот на пенкалото наменет за пишување е изработен од цврсто, но еластично бело злато Au 750 кое може да се подвиткува во различни форми со цел прилагодување на манирите и стилот на пишување на корисникот, без притоа да се скрши. За изработка на телото била искористена легура на титаниум, со цел пенкалото да биде цврсто и лесно за долги периоди на пишување или цртање.
Луксузното пенкало Stilema SP3 е замислено како уметничко дело со високи перформанси кое е доволно прилагодливо за да му овозможува на корисникот непречено искуство и непрекинат тек на мислите. Во сушина, тоа претставува „спортски автомобил“ на светот на пенкалата.
Пенкалото чини неверојатни 27.500 американски долари и може да се купи само преку специјален аранжман.
Официјални застапници на брендот Montblanc во Македонија се Божиновски часовници и накит.