Американскиот медиски гигант Disney оваа година ќе го прослави својот 100-ти роденден, потсетувајќи се на сите исклучителни приказни создадени од своето основање во далечната 1923 година од страна на аниматорот Волт Дизни, па сé до денес.
Кампањата за одбележување на едновековниот јубилеј започнува со видеоспот кој истакнува дека „најдобрите приказни живеат вечно“, а се раскажуваат „од генерација на генерација“. Во суштина е работи за видео-колаж од различни анимирани и играни филмови кои се дел од семејството на Дизни, а треба да ни го разбудат чувството на носталгија и да нé потсетат на сите убави моменти што сме ги поминале со тие филмови низ годините.
Притоа, спотот не заборава да им оддаде признание и благодарност на сите уметници и работници кои се или биле дел од компанијата, но и на сите млади фанови и оние кои се млади при срце: „Овој сон е остварен со ваша помош“.
Несомнено, ова ќе биде голема година за компанијата, а кампањата ќе се падоградува со голем број различни медиски содржини, специјални настани, колекционерски производи и разни други промотивни активности.