За првпат во својата историја, швајцарскиот чоколаден бренд Toblerone се одлучи да направи мала отстапка од своите препознатливи триаголни производи и да направи чоколадно јајце во пресрет на Велигденските празници.
Јајцето има овална форма, што е првпат за брендот, но за да не застрани премногу од својата традиција – Toblerone реши да ја конструира таа форма со спојувањето на повеќе триаголни полиња, резултирајќи во „јајце со рабови“ („The Edgy Egg“).
Чоколадното јајце, кое изгледа како некоја модернистичка скулптура, е завиткана во фолија и спакувана во триаголно пакетче кое истовремено содржи и помали чоколатца во форма на зајчиња, пеперутки, пчели и птици – согласно пролетната Велигденска тематика.
Но, на голема жалост на многу фанови на Тоблероне ширум светот, јајцето со рабови ќе биде достапно ексклузивно во британските маркети на Tesco, а ќе се продава по цена од 12 фунти.