Во организација на eCommerceAcademy, на 4 и 5 април 2023 година во Софија, Бугарија, ќе се одржи Balkan eCommerce Summit.
На Балканскиот самит за е-трговија се очекува да присуствуваат повеќе од 450 професионалци од сферата на онлајн трговијата од над 10 балкански држави. Притоа, организаторите приредија агенда со над 25 исклучителни говорници кои ќе ги споделат своите искуства и видувања за состојбата и развојот на електронската трговија на балканските пазари.
Главни говорници на настанот ќе бидат Белма Агиќ од EA Bosnia&Herzegovina, Марсел Мајсан од eCommerce Hrvatska, Даниел Биран од eBay, Корнел Морков од FAN Courier, Анастасиос Спанидис од Generation Y, Христо Радичев од Mediapost Hit Mail, Андреј Раду од GpeC и Нина Ангеловска од Македонската асоцијација за е-трговија, меѓу останатите.
Настанот ќе се одржува во Форумот „Џон Атанасов“ при Технолошкиот парк во Софија, а неговата организација ја поддржуваат над 40 саемски партнери.
Котизацијата за учество на самитот до 28 февруари ќе изнесува 149 евра, а по тој датум ќе чини 199 евра.
Повеќе информации за настанот, неговата програма и регистрацијата за учество се достапни на следниот линк.